Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во пресрет на вториот круг од локалните избори во недела – 2 ноември, се пожали на притисоци и заплашувања. Тој на прес-конференција во Скопје рече дека нивни кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи. Тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториот круг“, рече Филипче.
Според него, карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните. Тој ги повика членовите и граѓаните во општините каде што партијата нема кандидати, да гласаат по сопствено убедување и вредностите.
Слични новости
Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија
Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес


