Опозициската СДСМ соопшти дека техничката влада мора да остане како единствен механизам за обезбедување чесни и фер избори, обвинувајќи ја актуелната власт за системска злоупотреба на институциите, притисоци врз правосудството и загрозување на демократските процеси во државата.

Од партијата наведуваат дека, според нив, планот на премиерот Христијан Мицкоски и, како што ја нарекуваат, тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ, не бил насочен кон дијалог и реформи, туку кон однапред договорени предвремени избори и одржување на, како што тврдат, коруптивен систем.

„Станува збор за смислено сценарио во кое сите институции се заробени во канџите на власта, а државата намерно се држи во изолација за да продолжат криминалните тендери“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата обвинува дека преку законски решенија и резолуции се врши удар врз слободата на говорот на опозицијата, се гуши демократијата и се создава атмосфера на страв

СДСМ соопшти дека нема да учествува во, како што го нарекува, „легитимирање на вакво сценарио“, туку ќе продолжи јавно да му се спротивставува.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.