Медиумите блиски до СДСМ пишуваат дека Конгресот на СДСМ под мотото „Твоја држава, твоја шанса“ испрати пораки повеќе кон гласачите отколку кон членството на партијата.

Конгресот беше платформа за идеолошко редефинирање, кадровска консолидација и јасно позиционирање против актуелната власт.

Претседателот на партијата, Венко Филипче, испрати порака дека СДСМ повторно ќе се наметне како главен носител на проевропската и социјалдемократската агенда во државата.

Неговите критики кон Владата беа насочени кон застојот на евроинтеграциите, економските предизвици и, според него, ерозијата на институциите и демократијата.

Новата програмска рамка нагласува социјална правда, фер оданочување, повисоки плати, силни институции и европска перспектива, и повторно мобилизирање на левиот и центристичкиот електорат кој во изминатите години беше разочаран или демотивиран.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.