Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.
Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер, соопштуваат од СДСМ.
Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР.
СДСМ обвинува дека се подготвува и криминален Закон за Скопје 2028, без тендери, кои ќе го работат само вмровски компании.
Слични новости
Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија
Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.


