СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк.
Според СДСМ, ваквото однесување не е случајно, туку претставува свесна политичка одлука и дел од стратегијата на владејачката партија. Тие тврдат дека доколку не постоеле задкулисни договори и преземени обврски за кои, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, Резолуцијата одамна ќе била потпишана.
Од СДСМ оценуваат дека одбивањето на ДПМНЕ јасно укажува на тоа дека партијата има скриена агенда поврзана со мигрантите и дека токму затоа не сака институционално да се обврзе дека таков сценарио нема да се случи. Тие порачуваат дека повеќе нема да упатуваат повици за соработка, бидејќи, според нив, одбивањето само по себе зборува за, како што велат, „предавство за пари“ и намера Македонија да прифати мигранти.
„Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, порачуваат од СДСМ во својата реакција.
Слични новости
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети


