СДСМ обвини дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството, со што, како што наведуваат, се загрозува независноста на правосудниот систем.

Од опозициската партија велат дека целта на ваквите потези е „погребување на правдата“ и избегнување одговорност за, како што тврдат, сомнителни и криминални тендери кои се реализираат на штета на граѓаните.

Како дополнителен аргумент, СДСМ го посочува изборот на новата вршителка на должност државен јавен обвинител, Анита Топалова Исајловска. Според СДСМ, таа е позната по тоа што во минатото барала укинување на предметот „Талир“, во кој меѓу обвинетите беше и поранешниот премиер Никола Груевски, а кој се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ потсетуваат и дека Топалова Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик-министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што, според партијата, отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и конфликт на интереси.

„Станува збор за веќе видено сценарио, исто како во времето на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ, од каде порачуваат дека граѓаните нема да дозволат враќање на, како што велат, заробената држава и дека одговорност ќе има.

globe

Слични новости

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.

Нино Васев останува во притвор

Нино Васев останува во притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.