Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции.

„Black Cube” е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад”.  Таа се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими.

Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче. Тимот на „Black Cube”, како што соопшти СДСМ,  неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со претставници на ВМРО. 

 

Слични новости

Претседателката Сиљановска утре во Софија ќе има средба со бугарската колешка Јотова

Претседателката Сиљановска утре во Софија ќе има средба со бугарската колешка Јотова

Премиерот Мицкоски изјави дека не знае што може да очекува и која би била евентуалната содржина на состанокот, но порача дека очекува Македонија да има добри односи со сите соседи, а дека како премиер ќе стори се што е во негова моќ да го заштити идентитетот и интересот на граѓаните и државата.

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство

На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа декларација, со која се бара од Бугарија, формално да се извини за сите злосторства кои ги има нанесено врз македонското малцинство, за време на комунистичкото владеење.