Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.

Кузеска потенцираше дека по ослободителната пресуда за Никола Груевски и враќањето на криминално стекнатиот имот на ВМРО ДПМНЕ и „Белата палата“, ослободувањето на Драган Павловиќ Латас е уште една потврда дека правосудниот систем е ставен под политичка контрола на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ потенцираат дека последните одлуки не се изолирани случаи, туку дел од виоспоставен модел на селективна правада на ВМРО и Христијан Мицкоски.  

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени