СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски дека панично ја брани Алта банка и бара од обвинителот Ненад Савески веднаш да постапи по кривичната пријава што партијата ја поднесе против гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Од СДСМ велат дека документите за влезот на Алта банка во Македонија треба да го откријат потеклото на капиталот, трансакциите и сметките, за кои партијата тврди дека се поврзани со криминални структури во Србија.

Според СДСМ, Мицкоски и Славески имале улога во влезот на банката во Македонија, а Славески јавно признал дека одлуката ја донел по консултации со премиерот.

СДСМ бара да се испита дали биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот и можните ризици.

Од обвинителот Савески бараат да преземе мерки на претпазливост, вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на Славески, со цел да се спречи евентуално влијание врз сведоци или уништување докази и документација.

Слични новости

Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје

Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.