Социјалдемократскиот Сојуз денеска соопшти дека нивниот поранешен член и противкандидат за лидер на партијата на Венко Филипче Јован Деспостовски бил „петтоколонаш“ и „квислинг“ кој работел со ВМРО-ДПМНЕ за уривање на СДСМ.

Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да го урнат СДСМ, повторно заради личен интерес.

Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.

Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата? 

Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.

Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно. СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран