Социјалдемократскиот Сојуз денеска соопшти дека нивниот поранешен член и противкандидат за лидер на партијата на Венко Филипче Јован Деспостовски бил „петтоколонаш“ и „квислинг“ кој работел со ВМРО-ДПМНЕ за уривање на СДСМ.
Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да го урнат СДСМ, повторно заради личен интерес.
Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.
Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата?
Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.
Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно. СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре“ се вели во соопштението на СДСМ.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


