СДСМ ги нарече „квислинзи“ учесниците на дебатата најавена како „платформа“ за разговори за иднината, оценувајќи дека тоа е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција.
Како што беше објавено вчера, на дебатата зад затворена врата беа луѓе блиски до Бранко Црвенковски, но и Славјанка Петровска, екс-министерката за одбрана, и Моника Зајкова од ЛДП.
„Прво, не се знае кој стои зад платформата. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Чатам хаус правила. А, кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за ‘обединување на опозицијата’, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.
Под слоганот „Разговори за иднината во 12,05“ вчера беше промовирана демократска платформа која има цел подигнување на нивото на општествената дебата во земјава.
Како што се наведува, првата сесија се одржала зад затворени врати според правилата на Чатам хаус.
Од платформата соопштија велат дека на прогресивната демократска јавност ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


