Трагедијата во скопската населба Карпош, каде згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериозни пропусти на институциите за заштита од семејно насилство. Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога.

Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат дека потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем.

Од СДСМ велат дека непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете“.

 

Слични новости

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.