Од СДСМ тврдат дека со влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем се отвора можност за ризик на средствата на јавните претпријатија и граѓаните. Според нив, Мицкоски ја внел во земјава финансиската мрежа поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Опозициската партија бара обвинителството да го истражи случајот и порачува дека одговорност мора да има за сите инволвирани, вклучително и за оние кои евентуално би се обиделе да го прикријат случајот.
Од опозициската партија го критикуваат и обвинителот Савески, за кого тврдат дека не постапува самостојно, туку чека политички насоки од премиерот и реагира по јавни барања и политички притисоци.
СДСМ во своите обвинувања се повикува и на случувањата поврзани со „Алта банка“ во Србија и Црна Гора, наведувајќи дека во овие земји имало санкции, одбивање на дозволи и истраги поврзани со финансиското работење на банката. Партијата отвора и прашања за потеклото на капиталот, поврзаноста со лица од криминалното подземје и наводните врски со српски политички и безбедносни структури.
Од СДСМ обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски вршел притисок врз гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со издавањето дозвола за работа на „Алта банка“. Од партијата бараат Славески да го пријави наводниот притисок, предупредувајќи дека во спротивно и самиот може да се соочи со одговорност.
Слични новости
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.
Груби излезе од куќен притвор – пречекан со факели во Чаир
Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.


