„Не може да има толку многу корупција во пониските ешалони, а оние од врвот на министерството и во најкорумпираната влада на Мицкоски да не знаеле“, соопшти денеска СДСМ и прашува кој друг од власта е замешан во овој корупциски скандал.

Случајот со Анакиев опозиционерите го нарекоа уште еден доказ за работењето на, како што велат, организираната криминална група – ВМРО.

СДСМ потсетува дека пред само неколку месеци се случи корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито од 50 000 евра. Поради овој корупциски скандал, беше суспендирана ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра. 

Слични новости