Претседателот на ФИФА Џани ИНфантино во среда ќе има состанок со највисоките официјални лица на светската фудбалска организација во Мароко.

Инфантино во последните денови се соочува со остри критики поради неговиот предлог 20 насто од телото на ФИФА задолжено за комерцијални права да им се продаде на приватни инвеститори.

Дополнителни полемики предизвика информацијата дека во проектот било планирано да биде вклучено семејството на Доналд Трамп.

Иако минатата недела Инфантино се откажа од спорниот план, незадоволството против него не стивнува, а УЕФА го обвини Инфантино дека се обидел да ја продаде „душата на фудбалот“ и соопшти дека веќе нема доверба во неговото раководство.

Слични новости

Босанскиот репрезентативец Амир Дедиќ потпиша петгодишен договор со Њукасл

Босанскиот репрезентативец Амир Дедиќ потпиша петгодишен договор со Њукасл

Досегашниот фудбалер на Бенфика и босански репрезентативец Амир Дедиќ денеска потпиша петгодишен договор со Њукасл, соопшти англискиот клуб. Дедиќ (24) е шестото засилување на Њукасл во летниот преоден рок.

ФИФА го отпушти оперативниот директор што го критикуваше Инфантино

ФИФА го отпушти оперативниот директор што го критикуваше Инфантино

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА денес го отпушти својот оперативен директор Кевин Ламур, откако ги критикуваше плановите на претседателот на ФИФА Џани Инфантино да продаде дел од натпреварувањата на приватни инвеститори.

Мемфис Депај останува во Коринтијанс уште две години

Мемфис Депај останува во Коринтијанс уште две години

Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.