Меѓународната фудбалска федерација ФИФА денеска соопшти дека 72-та натпревари од групната фаза на Светското првенство во САД, канада и Мексико ги гледале рекордни 4.644.549 навивачи. ФИФА соопшти дека стадионите биле пополнети со неверојатни 99,7 насто и дека е остварена просечна посетеност по меч од 64.500 навивачи.
Досегашниот рекорд на гледаност во групните фази беше 3,5 милиони, а беше поставен исто така на Светско првенство во САД кое се одржа во 1994.
Исто така, постигнати се во просек по три голови од натпревар што е нов рекорд на Светските првенства. Најмногу голови постигнаа Холандија, Франција и Германија по 10.
Слични новости
Де ла Фуенте: Шпанија има златна генерација на фудбалери
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон.
Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер
Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.
Шпанија стана Светски шампион во фудбал
Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута


