Светските финансиски пазари во петокот тргуваа претпазливо, додека инвеститорите внимателно ги следат последиците од мировниот договор меѓу САД и Иран и неговото потенцијално влијание врз глобалната економија и енергетските пазари.

Неизвесноста околу спроведувањето на договорот останува висока.

На европските пазари, паневропскиот индекс STOXX 600 забележа незначителен пад од околу 0,1 отсто.

Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,28 проценти и остана близу рекордните нивоа, додека поширокиот индекс Топикс забележа пад од 0,57 проценти. Во Јужна Кореја, индексот Коспи се намали за 0,13 проценти, а технолошкиот Косдак загуби повеќе од три проценти.

Слични новости

Драстичен пад на цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу САД и Иран

Драстичен пад на цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу САД и Иран

Утрово цената на нафтата се намали за 8% откако САД и Иран ги прекинаа нападите едни против други во текот на викендот, во услови на напори за оживување на дипломатијата. Цената на нафтата Брент на берзите падна на 90 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI се намали на 83,6 долари за барел.

Во Хонг Конг на секои шест месеци се уништуваат 20.000 непродадени парчиња гардероба од брендот „Шанел“.

Во Хонг Конг на секои шест месеци се уништуваат 20.000 непродадени парчиња гардероба од брендот „Шанел“.

Многу непродадени луксусзни производи се уништуваат заради зачувување на ексклузивноста и заштитата од сивата економија, иако Европската Унија ја забрани оваа практика.