Оваа година ќе стане една од четирите најтопли од кога постојат мерењата, за што придонесе силниот феномен Ел Нињо, кој го продолжува трендот на загревање кој трае повеќе од една деценија, соопшти агенцијата на ОН за метеорологија.

Во извештајот се наведува дека во периодот од јануари до септември годинава глобалната просечна температура била за 1,47 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек, пренесува Ројтерс.

Сите показатели покажуваат дека топлината што ја задржуваат гасовите со ефект на стаклена градина се акумулира во океаните и атмосферата, што доведува до топење на мразот и пораст на нивото на морето.  

 

Слични новости

„Avengers : Endgame“ ја презеде првата позиција на глобалниот Бокс офис на сите времиња од Аватар

„Avengers : Endgame“ ја презеде првата позиција на глобалниот Бокс офис на сите времиња од Аватар

Филмот на студиото Дизни „Avengers : Endgame“ кој втора недела се реприкажува на Бокс офисот во овие две недели го претекна Аватар на Џејмс Камерон на глобалната листа на Бокс офисот на сите времиња.