Оваа година ќе стане една од четирите најтопли од кога постојат мерењата, за што придонесе силниот феномен Ел Нињо, кој го продолжува трендот на загревање кој трае повеќе од една деценија, соопшти агенцијата на ОН за метеорологија.

Во извештајот се наведува дека во периодот од јануари до септември годинава глобалната просечна температура била за 1,47 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек, пренесува Ројтерс.

Сите показатели покажуваат дека топлината што ја задржуваат гасовите со ефект на стаклена градина се акумулира во океаните и атмосферата, што доведува до топење на мразот и пораст на нивото на морето.  

 

Слични новости

Сериите „Widow’s Bay“ и „The Pit“ главни одбитници на Еми наградите

Сериите „Widow’s Bay“ и „The Pit“ главни одбитници на Еми наградите

Серијата „Widow’s Bay“ ја освои Еми наградата за најдобра серија во категоријата комедии, додека во категоријата драма за најдобра серија Еми наградата ја доби “The Pit’. За најдобра мини серија Еми нагарадата ја освои „DTF Sent Louis“.

Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди

Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди

Велшкиот актер Метју Рајс ја освои Еми наградата за најдобар актер во категоријата лимитирана серија за мини серијата „Ѕверот во мене“, а истата вечер ја доби наградата и за најдобар актер во категоријата комична серија за неговата улога во „ Widow’s Bay“.