Саудискиот нафтен гигант „Aramco“ во вторникот објави дека неговите приходи се намалиле и во третиот квартал, што одразува значително пониски цени на нафтата на светските пазари.
Во периодот од јули до септември, вкупните приходи на саудискиот гигант изнесуваа 418,16 милијарди ријали (111,5 милијарди долари), што е намалување од 10 отсто во однос на истиот период минатата година, според извештајот за берзата Tadawul. Во претходните три месеца, тие паднаа за 13,5 отсто на годишно ниво.
Прилагодената нето добивка во третиот квартал изнесувала 104,9 милијарди ријали (27,9 милијарди долари), повеќе или помалку на нивото од минатото лето, според меѓународните стандарди за финансиско известување.
Резултатот сигнализира стабилизација по трендот на намалување на заработката во последните две ипол години.
„Со своите силни перформанси во третиот квартал, Aramco уште еднаш докажа дека може да се прилагоди на моменталните пазарни услови“, изјави претседателот и извршен директор на „Aramco“, Амин Х. Насер.
Производството на нафта се зголемило за 4,5 отсто во периодот од јули до септември, на 10,82 милиони барели дневно. Во пролетните месеци, се зголемило за 3,1 отсто, на 10,42 милиони барели дневно, покажува деловниот извештај.
Просечната реализирана цена на нафтата, сепак, беше 70,1 долар за барел, што е за дури 21,9 отсто пониско отколку во третиот квартал од минатата година.
„Го зголемивме производството со минимални дополнителни трошоци“, посочи Насер.
Оперативните трошоци се намалија за 17,4 отсто во периодот јули-септември во однос на претходната година, на 224,6 милијарди ријали.
Саудиската влада држи речиси 81,5 отсто од акциите во „Aramco“, додека саудискиот суверен фонд PIF држи 16 отсто. Огромните нафтени ресурси на Саудиска Арабија, лоцирани близу до површината на пустината, се меѓу најевтините места во светот за вадење нафта.
Слични новости
Во претплазливо тргување Волстрит ја започна седмицата со пад
Берзанските индекси паднаа на Волстрит во понеделникот, бидејќи инвеститорите беа претпазливи по силниот раст на цените на акциите последните седмици, пред состанокот на челниците на американската централна банка
Европските акции го завршија тргувањето во минус
Акциите на европските берзи го завршија тргувањето во благ минус, додека инвеститорите ширум светот ја очекуваат одлуката на американските Федерални резерви за монетарната политика в среда.
Цените на нафтата паднаа под 63 долари
Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија


