Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го повикаа Иран да се придружи на новосоздадениот одбранбен пакт од Мека, објавија медиумите во регионот.
Висок ирански службеник Мехди рахими изјави дека Иран добил понуда да му се приклучи на одбранбениот пакт од Мека и дека тоа прашање Техеран го разгледува.
Рахими порача дека земјите во регионот „се движат кон барање безбедносен чадор“ итврди дека тоа претставува победа за Иран, бидејќи Техеран долго инсиситира на таква политика.
Слични новости
Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того
Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.
Нетанјаху: „Мораме да ја завршиме мисијата“
Нетанјаху порача дека земјата мора да продолжи со воените цели против Иран, Хезболах и Хамас. Нетанјаху, кој се подготвува за парламентарните избори на 27 октомври, пред приврзаниците на Ликуд повика на продолжување на, како што го нарече, процесот на исполнување на мисијата.
Пентагон со план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа
План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.


