Саудиска Арабија привремено го затвори својот стратешки Исток-Запад нафтовод, откако тој беше погоден во напад со дронови за кои Ирак потврди дека биле лансирани од негова територија. Во нападот има повредени, а причинетата материјална штета сè уште се проценува.
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Според проценки на аналитичари и компании за следење на танкерскиот сообраќај, преку него се транспортираат околу 4 до 5 отсто од глобалната понуда на нафта.
Саудиска Арабија засега нема да возврати, но предупреди дека го задржува правото да преземе мерки за заштита на својата безбедност и инфраструктура.
Слични новости
Иран и ги изнесе условите на Америка за отварање на Ормутскиот теснец
Како што пренесува Ројтерс, условите вклучуваат итно укинување на поморската блокада, одмрзнување на иранските финансиски средства и окончување на воените дејства на сите фронтови.
Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс
Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.
Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса
Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.


