Сан Антонио утринава ги совлада ЛА КЛиперс со 124:112 и со тоа ја презеде лидерската позиција во западната конференција.
Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Виктор Вембенјама со 32 коша и 11 скокови. Дабл-дабл учинок имаше и Стефон Касл со 21 кош и 12 асистенции.
Милвоки бакс пак утринава го забележаа 12-от пораз во низа. Тие на домашен терен загубија од Портланд со 124:114.
Ова е најлош старт на МИлвоки во историјата на клубот со само една победа од 16 натпревари.
Слични новости
Лејкерси во незапирлива серија од победи
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс утринава на гостински терен ја победија екипата на Милвоки со 123:112, со што ја забележаа својата седма последователна победа.
Тесна победа на Денвер во Мемфис
Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.
Вирџил Ван Дајк останува без договор по крајот на сезоната
Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк изјави дека не е загрижен за неговата иднина и покрај тоа што по крајот на сезоната му истекува договорот со Ливерпул.


