Сан Антонио утринава ги совлада ЛА КЛиперс со 124:112 и со тоа ја презеде лидерската позиција во западната конференција.
Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Виктор Вембенјама со 32 коша и 11 скокови. Дабл-дабл учинок имаше и Стефон Касл со 21 кош и 12 асистенции.
Милвоки бакс пак утринава го забележаа 12-от пораз во низа. Тие на домашен терен загубија од Портланд со 124:114.
Ова е најлош старт на МИлвоки во историјата на клубот со само една победа од 16 натпревари.
Слични новости
Ембапе се проби во топ 5 стрелците на Лигата на шампиони на сите времиња
Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.