Сан Антонио убедливо ги победи на гостински терен Лејкерс со 136:108, а францускиот центар Виктор Вембенјама постигна дури 37 коша во првото полувреме, што е најмногу во НБА лигата оваа сезона.

На крајот Французинот стигна до 40 коша, откако речиси цело второ полувреме не влезе во игра, поради убедливата предност на неговиот тим.

Лејкерси настапија ослабени без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Остин Ривс.

Со победата Сан Антонио се зацврсти на втората позиција на Западот зад Оклахома, а Лејкерси се на петтото место, зад третиот Хјустон и четвртиот Денвер.

 

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.