Лидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската Унија, денеска се во Тиват, Црна Гора, каде се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Од Македонија учествуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Според најавите Германскиот канцелар Фридрих Мерц и Францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ.
Во заеднички документ владите на Берлин и на Париз се залагаат за први чекори во интеграцијата и пред полноправно членство, со цел да се забрза процесот на интеграција.
Лидерите синоќа имаа неформална вечера во Тиват, која траела подолго од предвиденото.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


