Порталот Политико објави дека декларацијата за безбедносните гаранции за Украина, потпишана вчера во Париз, била значајно скратена во однос на првобитната верзија, при што од конечниот текст се отстранети делови од одредбите кои се однесуваа на САД.
Во најновата верзија на документот САД се ограничија на учество во механизмот за следење и верификација на прекин на огнот.
Специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф ја оцени декларацијата како „важен чекор кон окончување на судирот“, но во однос на претходниот нацрт е изоставено спомнувањето на учеството на Америка во мултинационалниот контингент кој би имал задача да обезбедува одвраќање.
Отстранета е и клаузулата според која САД „би ги поддржале мултинационалните сили во случај на напад“, како и одредбите за давање разузнавачка и логистичка поддршка на тие единици.
Особено е нагласено дека Вашингтон не преземал обврска за заштита на странските трупи во Украина доколку тие бидат нападнати.
И кај западноевропските земји немаше консензус околу испраќањето трупи, а германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека германските единици би можеле да бидат распоредени во некои од соседните земји кои се членки на НАТО, но не и во Украина.
Слични новости
Пекинг го повика Вашингтон да не го вооружува Тајван
Пекинг го повика Вашингтон да не му испорачува оружје на Тајван, откако Ројтерс објави дека претседателот на САД Доналд Трамп би можел да одобри голем пакет оружје за островото.
Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде
Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.
Се урна американски воен авион во Ирак
Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.


