Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Американскиот министер за финансии Скот Бенсент изјави дека мерката е краткорочна и ќе важи до 11 април, со цел да се стабилизираат глобалните енергетски пазари.
Одлуката доаѓа во момент кога нападите врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив, како и фактичкото затворање на Ормутскиот теснец, предизвикаа силни потреси на светските пазари.
Цената на нафтата повторно надмина 100 долари за барел, бидејќи низ овој теснец вообичаено поминува околу една петтина од светското снабдување со нафта.
Слични новости
Јотова: Северна Македонија да не се лаже дека има покус пат за членство во ЕУ
Според Јотова, првиот кластер е најважен и претставува основа за целиот преговарачки процес. Таа нагласи дека Бугарија нема да се согласи на негово заобиколување или одложување.
САД ги намалија царините за тајванските чипови на 15 насто
САД и Тајван потпишаа трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеи се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.
Европските индекси на рекордни нивоа
Европските берзански индекси денеска пораснаа на рекордни нивоа, откако паневрискиот STOXX скокна за повеќе од еден насто и ја проби границата од 6.100 поени.