Американската војска повторно нападна цели во Иран. Ова е третата рунда воздушни напади во последните денови, а привремениот договор за завршување на војната со Иран изгледа дека пропадна.

Иран претходно нападна комерцијален брод во Ормутскиот теснец. САД веднаш започнаа со контра воздушни напади, а потоа таргетираа дополнителни нови 140 локации во Иран.

Ова досега претставува  најголем број напади што се случиле по договорот за примирје во јуни.

Иранската војска денес возврати со контра напад насочен кон Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати. Она што е познато е дека сирените за ракетно предупредување се вклучија во сите  три земји.

Ескалацијата се случува откако вчера двете земји требаше да седнат на иста преговарачка маса и да се стави крај на војната во Иран.

Иако претходно беше најавено дека Иран и САД ќе се договорат за контролата на бродовите кои минуваат низ Ормутскиот теснец, Иран инсистира дека тие мора да ја имаат единствена контрола врз теснецот, и дека треба да добива пари за бродовите кои минуваат низ него.

 

Слични новости

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец

Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони

Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони

Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.