Америка планира значајно да го налаи бројот на авиони и воени бродови кои се ставаат на располагање на НАТО во Европа, објави Њујорк тајмс.
Според документот кој е претставен на членките на Алијансата, се предвидува намалување на американските борбени ловци Ф-16 и Ф-15Е од 150 на околу 100, како и намалување на бројот на поморските извиднички авиони од 26 на 15. Планот вклучува и повлекување на сите осум авиони за дополнување на гориво во воздухот кои до сега беа на располагање на европските операции на НАТО.
Предвидено е повлекување и на подморници, носачи на авиони и повеќе воени бродови и дел од бомбардерските сили кои беа наменети за одбрана на Европа.
Европски официјални лица оценија дека планираните намалувања би можеле да влијаат врз способноста на НАТО да спроведува извидувачки мисии, да ги следи руските поморски активности и да изведува напади од долг дострел.
Новиот план се семат за досехга најконкретен чекор кон намалување на американскиот воен ангажман во рамките на НАТО, пишува Њујорк тајмс.
Слични новости
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.
Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор
Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.


