САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач
Како што пренесува новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведува дека овие два брода, откако претрпеле оштетувања и од страв од понатамошни напади биле принудени да побегнат од зоната на судирот.
Ирански танкер во Персискиот залив погоден со четири американски ракети
Инцидентот се случува во момент кога односите меѓу Вашингтон и Техеран повторно се драматаично влошени, со продолжување на воените операции и притисок на САД врз иранскиот извоз на нафта.
Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва
Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.


