САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО
Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.
Американските власти во живо ќе го пренесуваат стрелањето на напаѓачот од воената база Форт Худ
САД во живо ќе го пренесуваат погубувањето на Нидал Хасан кој во 2009-тата година уби 13 луѓе во воената база Форт Худ во Тексас, изјави претставник на Пентагон.
Умре жената чие исфрлување од станот доведе до протести и избори во Шпанија
Марикармен Абискал 87-годишната жена која на 23 септември беше исфрлена од нејзиниот дом во Мадрид и стана симбол на масовните протести за подобрување на пристапот за добивање станови во Шпанија, почина во болница во Мадрид.


