САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.

Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.

Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.

Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.

 

Слични новости

Демонстрации ширум Европа: Нереди во Париз, Милано, Брисел, Рим, Тирана

Демонстрации ширум Европа: Нереди во Париз, Милано, Брисел, Рим, Тирана

На протестите во Франција и Италија синоќа повторно имаше нереди. Во Франција за време на демонстрациите се уапсени околу 1.000 луѓе. Судири имаше и во центарот на Рим откако демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордно кон државните институции, фрлајќи шишиња врз полицајците

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Уште од отворањето на избирачките места во 07 00 часот огромни колони луѓе чекаат да го искористат своето право на глас, а одзивот е рекорден. Според податоците на ЦРТА одзивот на изборите во Србија до 10 часот изнесува 19,8 насто, што е двојно повеќе од изборите во 2023.