САД соработуваат со Катар на можно ставање на располагање на шест милијарди долари на Иран кои се замрзнати во странски банки. Американската администрација сепак порача дека пристапот до овие пари за Техеран е условен, зависно од преговарачкиот процес.

Со парите Иран ќе може да купи хуманитарна стока и лекови, а Белата куќа соопшти дека станува збоир за пари до кои Иран може да има пристап во блиска иднина.

Планот за одмрзнување на иранските пари потсетува на механизмпт спроведен за време на администрацијата на Бајден во 2023 кога на Техеран му беше дозволено да префрли пари замрзнати во Јужна Кореја.

Слични новости