Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Шјајцарија се одвиваа во позитивна и конструктивна атмосфера, а техничките резговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во Швајцарија, се вели во заедничкото соопштениет на Катар и Пакистан, кои беа посредници во преговорите.
Делегациите на високо ниво го договорија патот кон постигнување конечен договор во рок од 60 дена.
Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи изјави дека санкциите за нафтата на неговата земја се укинати, а дел од замрзнатите финансиски средства се ослободени. Тој рече и дека е започнат „план за реконструкција и развој“, објавија американските медиуми.
Договорено е исто така да се формира Комитет на високо ниво за надгледување на медијацијата и „комуникациска линија“ за Ормутскиот теснец.
За едно од најгорливите прашања Либан, договорено е САД и Иран да создадат „деконфликтна зона“, олесната од Катар и Пакистан. Борбите меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, се клучна пречка за договор, при што Техеран инсистира смртоносните израелски напади да престанат.
Слични новости
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.


