Соединетите Американски Држави денеска воведоа царини од 50 проценти на канадските производи во вредност од 20 милијарди долари.

Царините уследија откако преговорите меѓу двете земји пропаднаа и не успејаа да ги релаксираат напнатите односи.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада ќе воведе реципрочни царини „долар за долар“ со што дојде до ескалација на трговскиот судир.

Се доведува во прашање и иднината на северноамериканскиот трговски договор во кој се вклучени Канда, САД и Мексико, а кој е клучен за индустријата на сите три земји.

Канада во преговорите бараше отстапки во врска со царините на Трамп на челик, алуминиум, автомобили и дрво, а Вашингтон одби да ги намали царините.

Трговската размена меѓу двете земји минатата година изнесуваше 880 милијарди  долари.

Слични новости

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Она што со децении важеше за еден од основните симболи на економската сигурност на европската средна класа- стално вработување, редовна плата и можност да се купи семеен стан или куќа, се повеќе станува недостижна цел.