Америка денеска и формално се повлече од Париската климатска спогодба, клучната меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување.

Повлекувањето на САД од спогодбата, вториот најголем емитувач на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина во светот по Кина, претставува голем удар во борбата против климатските промени.

САД во 2021 повторно се придружија на Париската спогодба откако на власт во Белата куќа дојде Џо Бајден, но нивното второ повлекување ќе остане во сила уште најмалку три години, колку што му преостанува на Доналд Трамп од мандатот.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона