Канада остро реагираше на наводите за контакти на сепаратистите од државата Алберта со администрацијата на САД, порачувајќи дека очекуваат Вашингтон да го почитува нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Повод за реакцијата на официјална Отава се извештаите дека претставниците на сепаратистичкото движење од Алберта преговараат со американски официјални лица за финансиска поткрепа од 500 милијарди долари за отцепување на Алебрта од Канада.

Според проценките на експертите, овкави потези носат ризик од длабока политичка криза и можен колапс на Канада како единствена држава.

Претставниците на сепаратистичката „Проект за просперитет на Алберта“ која ја предводи Џефри Рат, најмаку во три наврати престојуваа во Вашингтон, каде што имаа средби со членови на американската администрација.

Изјавите на некои американски официјални претставници, дополнително ги разгоруваат тензиите.

Министерот за финансии на САД Скот Бесент изјави дека на Алебрта треба да и се дозволи да се приклучи на САД, оценувајќи ја оваа канадска провинција како „природен партнер“ на Вашингтон, поради богатите природни ресурси и како што рече, независниот дух на нејзините жители.

Слични новости

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.