Соединетите Американски Држави објавија нови економски санкции против кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел и дел од неговото најблиско семејство, заедно со членовите на семејството Кастро, во најновото зголемување на притисокот на Вашингтон врз својот сосед, објави Гардијан.
САД имаат воведено ембарго врз Куба со децении, но американскиот претседател Доналд Трамп драстично го зголеми притисокот врз островот во последните месеци и отворено размислува за напад врз Куба.
Блокадата на горивото ја продлабочи енергетската криза на островот и ја погоди неговата веќе кревка економија.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, порача на платформата X дека САД „ја таргетираат мрежата што ги овозможува и финансира субверзивните и радикални операции на Куба“.
САД „веќе нема да толерираат радикални марксистички режими“ што ја извезуваат својата „отровна и зла „револуција““ во САД и на други места, напиша Рубио.
Слични новости
САД издвојуваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.
Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената
Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.
Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса
Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.


