Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и втората на ВТА листата Елена Рибакина се пласираа во финалето на УС опен во женска конкуренција што се игра во Њујорк.
Сабаленка која е двократен последователен победник на УС Опен ја победи третата на ВТА листата Американката Џесика Пегула со 7:5 и 6:2 за еден час и 20 минути игра.
Рибакина во полуфиналето беше подобра од уште една домашна тенисерка Коко Гоф која е четврта на ВТА листата со 3:6, 6:4 и 6:4.
За Рибакина која победи на Австралија Опен, ова е прво финале на УС Опен.
Слични новости
Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата
Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.
Почина фудбалер на Тенерифе по стравичен судир со противнички голман во шпанската Сегунда
Напаѓачот на Тенерифе, Хезус де Мигел (30) почина претпладнево по тешката повреда што ја здоби за време на натпреварот против Андора во шпанската Сегунда. Трагичната вест ја потврди неговиот клуб.
Лејкерси ја продолжија победничката серија со 45 коша на Лука Дончиќ
Дончиќ кој на натпреварот постигна 8 тројки го зголеми своето водство во раната трка за најдобар стрелец на НБА лигата и во моментов има просек од 37,7 коша по натпревар


