Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и втората на ВТА листата Елена Рибакина се пласираа во финалето на УС опен во женска конкуренција што се игра во Њујорк.

Сабаленка која е двократен последователен победник на УС Опен ја победи третата на ВТА листата Американката Џесика Пегула со 7:5 и 6:2 за еден час и 20 минути игра.

Рибакина во полуфиналето беше подобра од уште една домашна тенисерка Коко Гоф која е четврта на ВТА листата со 3:6, 6:4 и 6:4.

За Рибакина која победи на Австралија Опен, ова е прво финале на УС Опен.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.