Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои турнирот од серијата ВТА 500 во Бризбејн, откако во финалето ја совлада Украинката Марта Костјук со резултат 2:0 ( 6:4 и 6:3) за еден час и 19 минути.

Белорусинката во Бризбејн го освои 22 -от трофеј во кариерата, а прв од УС опенот во 2025.

Во машка конкуренција победник на турнирот во Бризбејн е рускиот тенисер Данил Медведев откако во финалето го победи Американецот Брендон Накашима со 2:0 ( 6:2, 7:6).

Турнирот во Брзибејн е увертира за првиот гренд слем во сезоната австралискиот опен кој почнува на 18 јануари.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено