Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека успехот на нуклеарните вежби на НАТО одржани месецов влеал апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на оваа воена алијанса.
Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање, изјави Руте.
Генералниот секретар на НАТО Руте нагласи дека и рускиот претседател Владимир Путин мора да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие и никогаш не смее да се води.
Путин минатиот месец изјави дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје доколку биде погодена со конвенционални ракети.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


