Началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов му соопшти на претседателот Владимир Путин во четврток дека руските сили ја презедоа контролата врз украинскиот град Купјанск.

Кремљ претходно соопшти дека Путин го посетил командниот пункт на борбената група „Запад“, каде што се сретнал со Герасимов и високи воени претставници.

Путин беше информиран за ситуацијата во Костјантинивка и Краматорск во регионот Донецк, како и Купјанск во регионот Харков, соопшти Кремљ.

„Единиците на групата „Запад“ го ослободија градот Купјанск и продолжуваат да ги уништуваат единиците на украинските вооружени сили опкружени на левиот брег на реката Оскол“, му рече Герасимов на Путин.

Герасимов му рече и на Путин дека руските сили ја презедоа контролата врз 70 проценти од Покровск, како и над 80 проценти од Вовчанск.

Украинската армија ги отфрли руските тврдења за освојување на Купјанск, како и за преземање контрола врз 70 проценти од Покровское.

globe

Слични новости

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.