Третиот танкер со руски дизел го смени курсот и се откажа од пловидбата кон САД, со што е доведено во прашање испораката на горивото договорена меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.

Танкерот „Агиои Фернандес“ кој превезува околу 40.000 тони дизел, го смени курсот на околу 740 километри од американскиот брег, објави Блумберг.

Танкерот кон крајот на октомври исплови од руското пристаниште Приморск на Балтичкото море, а како дестинација му беше одреден Њујорк. За време на пловидбата дестинацијата му е променета и сеуште чека инструкции кон кое пристаниште да вплови.

И претходните два танкера од вкупно договорените три танкери со руски дизел за Америка го променија курсот и ниту една пратка со руски дизел не вплови во некое американско пристаниште.

Трамп, по телефонски разговор со Путин на 9-ти октомври изјави дека Русија се согласила да испорача повеќе од 300.000 тони дизел за САД.

Слични новости

Квалком и Амазон развиваат чипови за ВИ во центри за податоци

Според спогодбата Амазон ќе купува чипови од Квалком во вредност до 60 милијарди американски долари, а од друга страна Квалком му дозволи на Амазон право на купување на акциите на компанијата во вредност од 4 милијарди долари.

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини

Забраните се објавени за помалку од 24 часа откако канада воведе високи царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари, што беше мерка која Канада ја презеде откако САД први воведоа царини на канадска стока во тој износ.