Увозот на руска сирова нафта во Индија во јули достигна рекордни 50,83 насто од вкупниот увоз на тој енергент, односно 2,47 милиони барели дневно, покажуваат податоците од трговски извори.
Увозот на руска нафта во Индија во јули беше за 62,4 насто повисок во однос на истиот месец претходната година, но сепак за 4,8 насто понизок во однос на јуни кога достигна рекордни 2,6 милиони барели дневно.
Индиските рафинерии во јануари почнаа да го намалуваат увозот на руска нафта за да ги избегнат повисоките американски царини, додека Њу ДЕлхи сеуште преговара со Вашингтон за трговска спогодба.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно