Русија ја започна клиничката употреба на вакцината „Онкопепт“ за лекување на ракот на дебелото црево, изјави шефот на Федерална медицинско-биолошка агенција на Русија Игор Борисевич.

„Вакцината заснивана врз неоантигените на клетките на ракот е развиена, регистрирана и влезе во клиничка употреба“ изјави Борисевич. Пептидната вакцина „Онкопепт“ беше применета на првите пациенти во март.

По неколку месечна опсервација на вакцинираните пациенти, забележано е дека самиот лек го произведува неопходниот имунолошки одговор и нема несакани ефекти. Вацината е индуцирана за возразни кои се оперирани и примиле најмалку две линии на систематска хемотерапија.

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.