Русија размислува за засилување на нападите со балистички ракети врз Киев, вклучувајќи цели во центарот на градот и критичната инфраструктура низ цела Украина, откако заклучи дека напорите за постигнување мировен договор се во ќорсокак, објави „Блумберг њуз“ во среда, повикувајќи се на три лица блиски до Кремљ.

Рамката за преговори во суштина се распадна, а претседателот Владимир Путин сè уште не е подготвен да ја заврши војната како одговор на санкциите или украинските напади врз руските рафинерии и логистички мрежи.

Извештаите за можна ескалација доаѓаат во време кога мировните напори се во застој, а Русија и Украина продолжуваат со меѓусебните напади. 

 

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.