Русија изврши нов масовен напад со ракети и дронови врз Киев во кој загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека се хоспитализирани 15 луѓе, од кои четворица во критична состојба.
Спасителите во Киев работат во услови на зголемена опасност, бидејќи постои ризик од повторени руски удари.
Како резултат на руските напади со дронови и ракети врз Оболнскиот, Свјатошинскиот, Голосеивскиот и Деснанскиот округ дојде до големи разурнувања и пожари, објави Укринформ.
Слични новости
Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец
Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони
Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.
Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.


